ИСТОРИЈА НА ТАБЛЕТОТ/ НАПРАВИ СВОЈ ТАБЛЕТ

Таблетот со пластелин е супер идеја за цртање, вежби за почетно пишување и запознавање со буквите и броевите, како мудра замена на античкиот таблет од глина или оној од восок. Ќе си направиме и наши таблети со пластелин, но најпрвин ве водам во мала истражувачка авантура:

Ајде да ја запознаеме историјата на ГЛИНЕНИОТ ТАБЛЕТ

Древната цивилизација Сумери, живеела во градови како замоци, опкружени со тврдини, по 10 илјади луѓе заедно.Таму имало храмови на боговите и сите носеле подароци за боговите, но и тие храмови давале подароци на народот.
Свештениците морале да водат некако сметка што влегува и што се дава и затоа запишувале на глинени плочи и ги чувале како архива...
Ако сакале повторно да пишуваат на иста плочка, тие плочи не ги печеле, за да бидат МЕКИ за пишување и бришење со рамнење на поврзшината. 


Добро било што дури и да се направел пожар, што често се случувало во тоа време, записите само станувале уште потрајни....Така имаме зачувани примероци како сведоци на историјата.

Во прво време запишувале со слики, а потоа со симболи.
Погледнете го овој интересен видео запис за почетокот на пишувањето  


ВОСОЧЕН ТАБЛЕТ
Восокот можеле лесно да го измазнат за да пишуваат повторно, бидејќи времето било многу жешко... и затоа подоцна ги практикувале таблетите обложени со восок.


Ако си љубопитен да дознаеш за ИСТОРИЈАТА НА ТАБЛЕТОТ, погледни го овој интересен видео запис.


А сега е време да направиме свој домашен таблет.

За почеток ајде да направиме ГЛИНЕН ТАБЛЕТ

- Земете парче глина. Формирајте правоаголна плочка, напишете нешто по ваша желба и нацртајте украси, а потоа оставете да се исуши. Интересен сувенир за спомен од ова наше истражување, нели?

- Од другата половина формирајте уште една плочка. Оставете ја да се исуши добро и потоа со празно стило обидете се да напишете нешто со грепкање. 

Кој обид ви се допадна повеќе?

 Што мислите, на кој од двата начини пишувале во минатото? Пишувале на мека глина и потоа чекале да се исуши, или користеле сува глина и грепкање врз неа?


АЈДЕ ДА СИ НАПРАВИМЕ И ВОСОЧЕН ТАБЛЕТ

Еве како експериментирав јас:

Најпрвин направив восочни таблети по примери од далечната историја, со залевање на течен восок во  лимени кутивчиња од парфем, наместо со нивните дрвени.

Ми се допaднаа како сувенир и идеја за подарок од срце, но ракувањето со течен восок може да биде опасно и треба многу да се внимава да не оштетиме некоја подлога во домот. Сепак, за оваа авантура треба помош од домашните.

ЗАТОА ПОСЛЕ СЕТО ОВА ИСТРАЖУВАЊЕ ЈАС СИ СМИСЛИВ МОЈ

ТАБЛЕТ ОД ПЛАСТЕЛИН

Едноставен за работа, применлив за оваа цел, безбеден за децата, и за време на припремата и потоа.

- Купете две исти рамки од продавницата за едно евро
- извадете им ги стаклата
- обложете ги со картон на местото на стаклото
-  а потоа тенок слој пластелин распоредете во внатрешноста.

Од сува трска направете молив украсен со коноп. 


Оваа „играчка“ навистина може повторно да се врати во училиштата и во домот, посебно кај најмалечките кои на ваков интересен начин би се запознавале со големите печатни букви, броевите, првите зборови. Обидете се!

Дури и со само една рамка, нашиот таблет би бил интересна и примамлива, нова омилена играчка на детето.

 И не само за пишување, нашиот таблет може да одлична подлога за најубави цртежи кои можеме да ги фотографираме и да ги чуваме за спомен.

Металните кутии од парфеми се исто така одлични за оваа цел, доколку дното им го покриеме со подебел слој картон за да ја намалиме длабочината, а со тоа и во овој случај ќе ја намилиме и количината на потребниот пластелин.

Потоа открив и хиероглифи поврзани со нашите букви и сега интересно ми е да пишувам зборови...обидете се и вие да го напишете свое име



Што ако немате рамки за слики?

Погледнете го и овој видео запис. 
Нивниот предлог со картон за изработка на восочен таблет, можете да го превземете како идеја за изработка на таблет од пластелин на овој начин.


ИНТЕРЕСЕН ПРЕДЛОГ ЗА СЛЕДНО ИСТРАЖУВАЊЕ И КРЕАТИВНО ИЗРАЗУВАЊЕ:

https://sitezazemjata.ucoz.com/index/koga_i_nashite_bukvi_bi_bile_khieroglifi/0-108