Кога јас го засакав читањето и зошто станав ЉУБОПИТНА учителка? Мислам дека бев ученичка во трето одделение, кога во нашето училиште стигна понуда за книгата по име “Илјада зошто, илјада затоа“. Книгата беше прилично скапа за тоа време и доаѓаше со подарок, некакво пластично семафорче. Долго време, дури и години после тоа, најпрвин ги мирисав страниците на книгата, а да бидам искрена, таа навика за мирисање на страниците на нова купена книга ми остана и ден денес. Тоа го правам дури и кога ќе купам дневен весник и никогаш не сфатив зошто...Едноставно го сакам мирисот на книгата и тоа е тоа... Како и секое дете првиот пат само ја разгледав онака без ред, вртејќи низ страниците, бескрајно љубопитна. Еден од насловите ми остави најсилен впечаток од сите други наслови во книгата и токму од тој наслов започна се... ТАЈНАТА НА СФИНГАТА Да драги мои, зборот ТАЈНА беше магичен збор кој мене ме натера да читам, ме натера да истражувам, да прашувам, да сфатам дека читањ...
- Get link
- X
- Other Apps