Денес најпрвин ќе ви раскажувам за убавините, културата и традицијата на волшебниот град Доха, во Катар, а потоа ќе зборуваме ЗОШТО Е ВАЖНО ДЕНОТ ДА ГО ЗАПОЧНЕМЕ СО СПОДЕЛУВАЊЕ ЛИЧНИ „ТАЈНИ“🌏
Ако некаде би сакала да се вратам повторно, иако е далеку, тоа е токму тука. Доха би ја избрала дури и кога би имала шанса да избирам помеѓу неа, Дубаи, Абу Даби или градови во Европа во кои сум била.
Цените се прифатливи, дури и слични на нашите, ако не и поевтини. Цените се повисоки само во луксузни хотели и луксузни ресторани, но и таму не се толку високи во споредба со Дубаи и Абу Даби.
На аеродромот Хамад, еден од најголемите и најубавите во светот, помеѓу другото се наоѓа и фигура на огромно Теди мече. Кога го гледаш ти се чини дека е плишано. Направено е од бронза и тежи 20 тона. Поставено било тука со цел да ги потсетува патниците од целиот свет на спомени од нивното детство, но и на нивните семејства кои ги оставиле да ги чекаат дома додека се на патување.
- Во оваа земја со околу 2.5 милиони луѓе, само 700.000 се жени. Ова е поради тоа што во земјата често се населуваат млади мажи заради работа. Во еден ист хотел се случува истовремено да работаат луѓе од 60 различни националности, а 100 различни националности функционираат заедно во целата земја.
- Хотелите и зградите се со уникатен дизајн кој секогаш прави неверојатен спој помеѓу модерното и традиционалното.
- Навредливо е да те видат да пиеш алкохол во јавност и на јавни собири...освен во ресторани кои служат. За да купат алкохол, на жителите им е потребно писмо од работодавецот во кое се наведува она што го заработува секој месец...имаат право на само одреден процент од тоа за да купат алкохол.
- Катар е најбогата и најбезбедна земја во светот.
- На странците не им е дозволено да поседуваат земја во Катар, освен во одредени проекти за развој на недвижнини, како што се кулите Зиг-Заг и Перл-Катар. Сепак, странските фирми можат да изнајмат земјиште на долгорочна основа - до 50 години - за да завршат одредени проекти.
- Ниту локалното население, ниту доселениците не треба да плаќаат данок на доход во оваа земја. Тие го чуваат она што го заработуваат.
- Катар има разновиден животински свет, особено ако се има предвид фактот дека тоа е пустина со седум месеци лето и дожд.
- Можете да се облекувате како сакате доколу сте турист, сепак без никој да ви рече, самата атмосфера ќе ви наметне чувстсво дека културно е да се облекувате попристојно од она што би го облекле на пример во Грција.
- The Pearl-Qatar во Доха е остров направен од човекот на местото на стара локација каде низ историјата ловеле бисерни школки. Тоа необично место е популарна дестинација за туристи во која се наоѓаат марини полни со скапи јахти, кули за живеење, вили и хотели, како и луксузен шопинг на врвни маркети со бутици и изложби. Популарен е по прекрасни ресторни, по неговите шеталишта во близина на водата, тематски слаткарници и кафичи.
- Градот Доха има многу музеи кои се посветени на историјата и на исламската уметност. Магични се. Ти се чини како се наоѓаш во светот на бајките. Населението е многу љубезно кон вас како гостин. Нема поубави чувтства од чувствата за време на посета на оваа земја и овој град. Во споредба со Дубаи и Абу Даби кои се доста поскапи и многу големи така што мораш да си совршено организиран за да видиш нешто од убавините...тука е далеку полесно за снаоѓање, а повторно гледаш ист луксуз вешто зачинет со традиција...Неизмерно благодарам на Стефи, наше убаво девојче од Битола, стјуардеса во Катар Еарлајнс, што ме запозна со градот и културата за време на мојот престој, иако претежно немав многу слободно време со обврски околу светскиот самит.
- Она што ми остави огромен впечаток и имав прилика да го видам во живо е убавата Шеика Моза Бин Насер, една од седумте жени на минатиот Емир на Катар, шеикот Хамад бин Калифа ал Тани, мајка на седум негови деца, мајка на сегашниот владетел Тамим бин Хамад ал Тани. Шеика Моза е исто толку активно вклучена и влијателна на политичката сцена колку што се нејзиниот сопруг и син.
Активистка, борец за човекови права, за екологија, поддржувач и спонзор на мисијата за современо образование, модна икона чии креации ги изработуваат најпознатите светски креатори.
Истражувајте повеќе за неа, има што да се прочита и види. Оваа несекојдневна дама која има толкава моќ во светот на мажите заслужува внимание.
- Мажите облечени во традиционална бела облека мирисаа на некои нивни опојни парфеми. Мирисот остануваше пет минути после човекот што поминал. Најдов таква парфимерија...спакувани беа во луксузни кутии и чинеа од 100 евра и повеќе.
- Всушност секаде мирисаше убаво. Независно дали е хол на хотел, ресторан, музеј, мол..
Уште се прашувам како успеваат да ароматизираат толку огромни простори. Веројатно е поврзано со климатизацијата. Во холот на хотелот имаше цветни аранжмани со орхидеи...Таму целиот простор мирисаше на орхидеи...а зборуваме за огромен простор и на неколку места по една орхидеа поклопена со уникатен стаклен сад.
- Souq Waqif е еден од најстарите пазари во светот. Толку е интересен и дење и ноќе што би го посетувала уште многу пати. Во локалните кафанчиња низ пазарот може да се случи да ве послужат вработени од Србија, Македонија или друга Ех Ју држава.
Традиционалниот пазар во Доха е популарна атракција за туристите. Неговото име значи „стоечки пазар“, кој датира пред повеќе од еден век. Името СТОЕЧКИ го носи затоа што првите продавници биле на колчиња затоа што заливот често го поплавувал пазарот.
Цените се прифатливи, дури и слични на нашите, ако не и поевтини. Цените се повисоки само во луксузни хотели и луксузни ресторани, но и таму не се толку високи во споредба со Дубаи и Абу Даби.
На аеродромот Хамад, еден од најголемите и најубавите во светот, помеѓу другото се наоѓа и фигура на огромно Теди мече. Кога го гледаш ти се чини дека е плишано. Направено е од бронза и тежи 20 тона. Поставено било тука со цел да ги потсетува патниците од целиот свет на спомени од нивното детство, но и на нивните семејства кои ги оставиле да ги чекаат дома додека се на патување.
- Во оваа земја со околу 2.5 милиони луѓе, само 700.000 се жени. Ова е поради тоа што во земјата често се населуваат млади мажи заради работа. Во еден ист хотел се случува истовремено да работаат луѓе од 60 различни националности, а 100 различни националности функционираат заедно во целата земја.
- Хотелите и зградите се со уникатен дизајн кој секогаш прави неверојатен спој помеѓу модерното и традиционалното.
- Навредливо е да те видат да пиеш алкохол во јавност и на јавни собири...освен во ресторани кои служат. За да купат алкохол, на жителите им е потребно писмо од работодавецот во кое се наведува она што го заработува секој месец...имаат право на само одреден процент од тоа за да купат алкохол.
- Катар е најбогата и најбезбедна земја во светот.
- На странците не им е дозволено да поседуваат земја во Катар, освен во одредени проекти за развој на недвижнини, како што се кулите Зиг-Заг и Перл-Катар. Сепак, странските фирми можат да изнајмат земјиште на долгорочна основа - до 50 години - за да завршат одредени проекти.
- Ниту локалното население, ниту доселениците не треба да плаќаат данок на доход во оваа земја. Тие го чуваат она што го заработуваат.
- Катар има разновиден животински свет, особено ако се има предвид фактот дека тоа е пустина со седум месеци лето и дожд.
- Можете да се облекувате како сакате доколу сте турист, сепак без никој да ви рече, самата атмосфера ќе ви наметне чувстсво дека културно е да се облекувате попристојно од она што би го облекле на пример во Грција.
- The Pearl-Qatar во Доха е остров направен од човекот на местото на стара локација каде низ историјата ловеле бисерни школки. Тоа необично место е популарна дестинација за туристи во која се наоѓаат марини полни со скапи јахти, кули за живеење, вили и хотели, како и луксузен шопинг на врвни маркети со бутици и изложби. Популарен е по прекрасни ресторни, по неговите шеталишта во близина на водата, тематски слаткарници и кафичи.
- Градот Доха има многу музеи кои се посветени на историјата и на исламската уметност. Магични се. Ти се чини како се наоѓаш во светот на бајките. Населението е многу љубезно кон вас како гостин. Нема поубави чувтства од чувствата за време на посета на оваа земја и овој град. Во споредба со Дубаи и Абу Даби кои се доста поскапи и многу големи така што мораш да си совршено организиран за да видиш нешто од убавините...тука е далеку полесно за снаоѓање, а повторно гледаш ист луксуз вешто зачинет со традиција...Неизмерно благодарам на Стефи, наше убаво девојче од Битола, стјуардеса во Катар Еарлајнс, што ме запозна со градот и културата за време на мојот престој, иако претежно немав многу слободно време со обврски околу светскиот самит.
Ајде да го ЗАПОЧНЕМЕ ДЕНОТ СО СПОДЕЛУВАЊЕ НА ЛИЧНА „ТАЈНА“, пренесена преку пример на вежбите од Јазична писменост:
Раскажете им своја лична приказна на вашите дечиња или ученици во одделението. Личните приказни на возрасните се омилена тема која ја привлекува детската љубопитност.
- Напишете ја во делови кои потоа ќе ги измешате и ќе им ги понудите скриени во писмо-сложувалка. Нивната задача ќе биде да ја состават вашата приказна од почеток до крај. За да го направат тоа треба навистина да го проучат напишаното со цел да го состават во логичен редослед.
- Прилагодете ја должината на текстот во зависност од возраста на учениците.
Слична активност можеме да изведеме и со составување исечени реченици, со цел да се состави краток текст кој раскажува нешто лично и интересно (доколку се работи со ученици кои имаат потешкотии со читањето)
Личните приказни на возрасните, наше доживување од минатиот ден, раскажување на семејна анегдота, спомен од детството на учителот и слично....Тоа се одлични теми кои можат да бидат интересни за читање од страна на дечињата. На овој начин им овозможуваме омилени вежби за читање со разбирање, а за повозрасните ученици- нови информации, богатење на фонд на зборови, унапредување на „погледот“ кон светот и желбата за запознавање места, традиции, знаменитости, историја и непознати култури.






