ЗАМИСЛЕТЕ СИ колку би било интересно да се вратиме во минатото и да видиме како учеле нашите другарчиња, каков бил учителот, каква била училницата.
Дали за тоа ни треба временска машина?
Не, доволно е да посетиме училница- музеј, или училиште-музеј, а колку е интересно ќе ви раскажам сега:
Пред неколку години бев на студиска посет на Словачка, во прекрасно модерно училиште.
Најмногу се изненадив кога не однесоа во стара училница токму позади вратата на една од тие супер модерни училници. Во овој скришен свет на минатото навистина имаше што да се научи.
Ни раскажаа дека ова е модел училница.
Понекогаш ги носат учениците во неа, за да почувствуваат како било во минатото...Немало соработка, немало разговор на групи за тимска работа, никој не го прашувал ученикот за мислење...
Имено, нивната цел е да им озможат на современите деца да го почувствуваат и почитуваат минатото, но и да умеат да направат споредба и да ги почитуваат денешните услови за модерна настава.
Просторијата имаше висок таван. Ѕидовите беа бели, цели извалкани и зачадени без ништо на нив, а на предниот ѕид имаше училишна табла.
Веднаш до таблата имаше еден глобус и неколку карти на светот свиткани во ролни.
Во аголот на училницата имаше стара железна печка на дрва.
Напред дрвена маса на учителката, на неа перо, туш и чуден дневник.
Учениците во минатото, но и денешните ученици-гости пишуваат на црна табличка со мало сунѓерче и креди.
Девојчињата се облекуваат исто, во сиви униформи, а момчињата во црни панталони и бели кошули.
Учителката за време на овие преддавања е строга и озбилна.
Тука е и прачката за дисциплина, ако некој зборува пред да биде прашан.
Дали би сакал да бидеш учесник во еден ваков времеплов?
Да бидеш ученик во минатото и навистина не било баш едноставно.
Еве на пример да погледнеме што се случувало во ВИКТОРИЈАНСКА УЧИЛНИЦА од времето на кралицата Викторија.
Училиштата не биле слободни до 1891 година. Дотогаш децата морале да платат за да одат на училиште и затоа биле привилегија само на богатите деца.
Владеењето на кралицата Викторија донело многу подобрувања во образованието на децата, особено за сиромашните деца, но сепак правилата биле многу строги, а постоеле и строги казни.
Викторијанците дошле до идеја дека сите деца треба да одат на училиште, не само богатите. Тие вовеле дури и закони што кажуваат што можете и не можете да очекувате децата да прават, бидејќи до тогаш децата најчесто биле користени за работа и заработување за опстанок на семејствата.Во „Националните училишта“ децата учеле да читаат, пишуваат, аритметика и религија. Еднаш неделно децата учеле географија, историја и пеење. Девојките учеле и како да шијат.
Во 1880 година, школувањето станало задолжително.Утринските часови траеле од 9 до 12 часот. Децата често оделе дома на оброк, а потоа се враќале за попладневна настава од 2 до 17 часот.
После тринаесеттата година учениците можеле да станат помошници учители доколку покажат вештини.
Кога Д-рТомас Барнардо дошол во Лондон од неговиот роден град Даблин во 1866 година, со намера да тренира лекари за справување со колерата, а потоа да стане мисионер во Кина, тој бил соочен со град каде што растат болести, сиромаштија и пренатрупаност на население, без никакви шанси за образование на сиромашните.
Се затворило во 1908 година… во тоа време се отвориле доволно владини училишта во областа за да се задоволат потребите на локалните семејства.
Туристите имале прилика да присуствуваат на исторски час, па дури и биле казнувани ако случајно се насмееле...
После тринаесеттата година учениците можеле да станат помошници учители доколку покажат вештини.
ДОКОЛКУ СИ ЉУБОПИТЕН И САКАШ ДА ДОЗНАЕШ ЗА ПОВЕЌЕ МУЗЕЈ-УЧИЛИШТА ВО СВЕТОТ, ЕВЕ НЕКОЛКУ ЗА ПРИМЕР:
Ragged School MuseumКога Д-рТомас Барнардо дошол во Лондон од неговиот роден град Даблин во 1866 година, со намера да тренира лекари за справување со колерата, а потоа да стане мисионер во Кина, тој бил соочен со град каде што растат болести, сиромаштија и пренатрупаност на население, без никакви шанси за образование на сиромашните.
Се откажал од лекарската обука и во 1867 година го отворил своето прво „партало училиште“ каде децата може да добијат бесплатно основно образование.
За таа цел првично користел складишта за стоки кои се превезуваат преку каналот Регент...Се затворило во 1908 година… во тоа време се отвориле доволно владини училишта во областа за да се задоволат потребите на локалните семејства.
Денес оваа зграда е МУЗЕЈ- УЧИЛИШТЕ, зачувана и обновена од страна на локачни жители кои на време го процениле ова уникатно наследство.
Ragged School Museum Trust е отворен во 1990 година. Во рамките на оригиналните згради, зачувана е автентична Викторијанска училница каде секоја година околу 16,000 деца доживуваат настава во училиштата, како што би се предавале пред повеќе од 100 години.Тие исто така, го рекреирале и Викторијанскиот ученички дом од 1900-тите како и Викторијанската кујна... демонстрирајќи како би изгледал животот во едноставен еднособен дом без електрична енергија или вода што тече.
Ова е музеј каде што можете да седите на училишните клупи, да ја користите лименицата и да доживеете каков бил животот за сиромашното насление од Источниот крај на Лондон.Во Словенија пак, ми кажувале...постои село во кое го затвориле старото училиште и наместо да стои така празно го претвориле во музеј...
Таму пред таблата има дрвено корито со вода и водени прачки за казнување... во аголот на собата до печката, истурени кочани и пченка за неумните да клечат на нив...Туристите имале прилика да присуствуваат на исторски час, па дури и биле казнувани ако случајно се насмееле...
И не само тоа, морале да вртат со куп тешки книги врзани само со ремен, како Пинокио...околу целото село...за да почувствуваат како им било на учениците во минатото...и за сето тоа плаќале влезница, организирани во групи кои чекаат ред за оваа атракција која те води на патување во минатото.
Досетливо нели?Но еве и уште едно МУЗЕЈ- УЧИЛИШТЕ ВО СЛОВЕНИЈА и уште неколку други, доколку си љубопитен
https://www.visitljubljana.com/en/poi/slovenian-school-museum/Scotland Street School https://www.glasgowlife.org.uk/museums/venues/scotland-street-school-museum
British Schools Museum https://britishschoolsmuseum.org.uk/visit/






