Ова е Пракрити Мала, 14-годишнно девојка која го објавила своето писмо на интернет и станала вистинска ѕвезда токму поради убавиот ракопис. Се вели дека фирмата Мајкрософт ги откупил правата од девојчето за да направи фонт според нејзиниот ракопис. Колку интересно.
Кога бев ученичка имавме посебен час, наречен КРАСНОПИС, како можност да посветиме посебно внимание за унапредување на вештината за убаво пишување. Леле колку се радував на петка по краснопис.
КАЛИГРАФИЈАТА е убаво пишување, уметност преку која на знаците им даваме хармонична форма, уметничка вештина која бара внимание и трпеливост.
Колку од вас би сакале да имаат убав ракопис, a свесни се дека можат и подобро? Знаете дека никогаш не е доцна нели? Јас заклучив дека можам и подобро. Посебно кога брзам... па се обидувам да внимавам и за време на брзање.
Убавиот ракопис е одлика на убави луѓе. Ајде да си го поправиме заедно и да бидеме убави во секој поглед.
ДАЛИ СМЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА ЕДНА ИНТЕРЕСНА И
КРЕАТИВНА СИМУЛАЦИЈА НА ПИШУВАЊЕ ВО СТАРО ВРЕМЕ?
Замисли дека си писател од минатото. Не постои машина за пишување, нити молив, ниту пенкало.
1. Ќе пишуваш со трска или пердув:
Доколку немаш можност да најдеш пердув, сувите трски се исто така интересни за пишување. Замоли некој возрасен да го пресече крајот со кос засек и трската е подготвена за пишување.
Јас дома имам купче трски спремни за оваа цел. Интересни ми се дури и како украс.
Ги завиткувам со коноп на горниот дел и тогаш се посебно убави.
2. Ќе пишуваш врз стара харија:
Oтвори хариена кафеава кесичка за пакување шеќер/сол/брашно, за да наликува на стара хартија. Потоа ќе можеш и да ја завиткаш во цилиндар и да ја врзеш со врвка, како што правеле во минатото.
3. Во минатото немало електрична енергија па затоа пишувале на светлина од СВЕЌА, СВЕЌНИК СО ПОВЕЌЕ СВЕЌИ или ГАЗИЕНА ЛАМБА.
Ти можеш да се обидеш да пишуваш на свеќа, но само ако имаш возрасен околу себе. Во спротивно можеш да се обидеш со фенерче на батерии во сосема темна соба.
4. Можеш да направиш и домашен ТУШ за пишување, од цвекло...но биди внимателен кон околината додека го правиш тоа. И тушот од книжарница е одличен за оваа вежба.
Постели стари весници и внимавај на него. За време на нашите работилници на дечињата често им се случува да го превртат од возбуда...тоа не е баш пријатно да се случи. Порано за пишување павеле туш од тревки, од црвена глина....
Сега можеш да почнеш со пишување.
Замисли дека твојот запис ќе биде читан после многу многу години и напиши го со најубав ракопис.
Ќе ти се допадне оваа вежба.
ПОТОА ВРАТИ СЕ НАПРЕД ВО ВРЕМЕТО
Земи тетратка со линии, молив или стило и запиши неколку адреси на живеење на твои другарчиња и роднини.
Прашај ги доколку не знаеш. Денес ретко се интересираме за вистинските адреси, а ги знаеме меил адресите на пријателите околу себе.
- Исправи го грбот додека пишуваш, а лактите стави ги масата. Велат дека не е добро ниту да се потпираме на задниот дел од столот за време на пишување.
- Главата не смее да биде ниско до листот.
- Моливот го држиме нежно, без непотребно стегање. Нашите прсти се на долниот дел од моливот, што поблиску до врвот за да бидеме прецизни.
- Велат дека поместувањето на зглобот е најголемата грешка која ја прават луѓето додека пишуваат.
Ние всушност треба да ги поместуваме нашите лакти, а не прстите и зглобовите. Тоа значи дека прстите и зглобот на раката треба да стојат во една иста положба, а пишувањето да го овозможуавме преку движење на лактот. Леле, значи и јас треба да си вежбам.
Ајде да се обидеме да ја направиме оваа вежба.
Чудно е да се вежба кога се мисли на правила. Сепак обиди се, интересно е и многу корисно.
Дали сакаш да ја запознаеш
ИСТОРИЈАТА НА ПЕРОТО ЗА ПИШУВАЊЕ?
Перото за пишување потекнува од Кина како замена за перото од трска кое брзо со кршело и затупувало на врвот.
Низ историјата кај нив често се спомнуваат и пера направени од фини животински влакна кои им служеле за КАЛИГРАФИЈА И ЦРТАЊЕ.
ПЕРДУВ ПЕНКАЛАТА биле всупност пердуви од гуска, лебед, гугутка, орел, був, јастреб.
Најсилните пера биле оние земени во пролет, од живи птици, од надворешниот дел на левото крило на птицата.
Дури и одгледувале посебени гуски за да бидат сигурни дека секогаш ќе имаат залихи на пера.
Лебедовите пердув- пенкала биле многу скапа привилегија на богатите, бидејќи до нив тешко се доаѓало. Лебедот не е толку мирна птица која ќе ти дозволи лесно да и ги кубиш перјата додека е жива.
Пердувите од ГАВРАН биле популарен избор за писатели кои сакале да пишуваат со фини, тенки линии.
Едно перо за пишување можело да биде користено најмногу една недела пред да се расипе.
Не е познато кога точно се појавиле првите пера, но се знае дека некои делови од свитоците од Мртвото Море се пишувани со перо во 2 век пред нашата ера.
Многу важни документи биле напишани и потпишани со пера низ историјата како на пример американската Декларација за независност.
Популарноста на пера траела се до производството на метални пенкала во 19 век, но пердувите се користат и денес во некои случаи.
На пример: Во Врховниот суд на САД и денес стојат достапни 20 гуска-перо пенкала спремни за употреба.
МАСТИЛОТО ЗА ПИШУВАЊЕ е исто така откриено во Кина (смола од бор стар 100 години во комбинација со лепак, саѓи )
Потоа смилиле нов рецеп - Железни соли, како што се црни сулфати (направени од третирање на железо со сулфурна киселина), се мешаат со танини од лушпи (тие растат на дрва) и згуснувач.
Кога прв пат се става на хартија, ова мастило е сино-црно.
Со текот на времето таа боја згаснува до кафеава боја.
Во минатото пред да биде измислена хартијата луѓето пишувале:
- на камен (во пештери) со симболи обележувале важни информации
- на златни или позлатени плочи
- на бакарани плочи
- на лисја од палма
- Кинезите пишувале на свила.








