Интересно е да се направи споредба помеѓу КИНА и ЈАПОНИЈА
Taка ние сега знаеме зошто ножот и виљушката не се воопшто пожелни на масите во овие земји, зошто храната се сервира во мали залаци, колку МНОГУ а најмалку знаци треба да знаат за да се сметаат за писмени, што се случува кога возот доцни 5 минути, како е можно Сонцето да изгрева ДУРИ во 10 часот наутро, кој цар ги измилил и запишал првите писмени симболи затоа што бил инспириран од шарките на една желка.....
Најпрвин погледни дел од нашата радост.
Вежбите за читање со разбирање навистина можат да бидат забавни доколку истражуваме теми интересни за дечињата и возрасните.
Дечињата не смеат да бидат оптеретни за време на вакви активности во овој почетен период, затоа тука сме ние:
- да им прочитаме одредени делови и да ги замолиме да продолжат со читање за да ја откриеме„тајната“ до крај- да ги поттикнеме да најдат реченица во која се зборува за нешто интересно (на пример- кој го измислил сладоледот)- да ги охрабриме да читаат во парови со наизменично менување при секоја нова реченица- да ги предизвикаме да бидат брзи во брзо „скенирање“ на дадена страница со цел да најдат зборови кои сме ги именувале или сме ги запишле во работен налог, а потоа заедно да прочитаме зошто се важни. - да прочитаме реченица со интересни податоци и потоа да ги замолиме да ја најдат за неколку секунди...Очекувањата за самостојно истражување можеме да ги зголемуваме соодветно на возраста, но секогаш е важно да бидеме тука, во близина.
Сега читај и креирај со помош на оваа наша прeзентација за КИНА. Зошто?
Можеш едноставно да уживаш и да патуваш во оваа, за нас далечна земја, независно дали си дете, учител, родител.
А можеби ќе бидеш инспириран и ќе најдеш начин како да „линкуваш“ соодветни образовни цели со содржини или игри од оваа тема и со тоа да ја збогатиш наставната пракса, доколку си наставник. Тоа е мојата тајна за радосни дечиња и забавно учење:
Потоа направете слично истражување за Јапонија. Истражувајте за историјата на лепезата, изработувајте лепези за креативен одмор, прочитајте информации за кафичите за мачки кои постојат во оваа земја, за ОРИГАМИТЕ и нивната изработка... за напуштениот остров Хашима, за кимоното, гејшите и најбрзите и најточни возови во светот... за јапонската храна, СУШИ, за националниоте паркови...но и за азбуката. Обидете се да пишувате на ЈАПОНСКИ.
Дали знаеш дека ЛЕПЕЗИТЕ, освен за разладување, им служеле и како средство за “зборување“, договарање од далечина, со примена на посебни знаци кои ги знаеле и дамите и мажите.
Во тоа време дамите морале да молчат за да ги сметаат за паметни и културни, затоа преку движења на својата лепеза прифаќале или одбивале додворување, искажувале емоции кон некој маж во просторијата, ветувале љубов или одбивале љубовни понуди...
Погледнете ја историјата на ЛЕПЕЗИТЕ низ светот. Првите лепези всушност биле големи листови од природата. Интересно е што лепезите се обележје и на КИНЕЗИТЕ И НА ЈАПОНЦИТЕ. Првите лепези во ваква форма биле изработувани во Кина и Јапонија од свила и трска.
Продолжи го ова истржување. Откри како ги изработуваат и украсуваат лепезите.
Направи лепеза, интересно е.
Погледни како изгледа еден традиционален танц со лепези и обиди се да играш додека го гледаш филмот
„Дали знаеш колку тајни крие КИНА?“ е дел од развојна активност, во рамки на која си поставив цел да проверам и утврдам брзи и „мудри“ начини за унапредување на читачки вештини кај децата во период кога стекнуваат способности и навики за почетно читање и пишување. Активноста навистина ни помогна да го засакаме читањето, да сфатиме колку е важно да стекнеме вештини за читањето со разбирање и со тоа да си отвориме многу врати на тајните, мистериите, патувањата и приказните, разбирањето и почитувањето на други култури.

