ТРАДИЦИОНАЛНО ДОБРЕДОЈДЕ во Абу Даби

КАКО ИЗГЛЕДА ТРАДИЦИОНАЛНОТО ДОБРЕДОЈДЕ во Абу Даби?
👉Те пречекуваат со УРМИ ,,Волшебно овошје од пустината", како што го нарекуваат. Ако одбиеш да земеш тоа е малку навредливо за домаќинот.
 🗨Дури и во хотелите на масичка те чека кутивче со две-три урми, чаша, шише вода и штипка за да ја ставиш малку урмата во вода пред да ја изедеш. Но освен тоа тука е и брошура која веднаш ќе ти ,,раскаже,, што јадеш и зошто те пречекале со урми.
 🌐Урмите биле најважна храна за преживување во пустината низ историјата на Обединетите Арапски Емирати и во Арабискиот залив. Најстарите видови потекнуваат од 5110 година пне. Има околу 160 видови. Растат на урмина палма. 44 милиони урмини палми има во ОАЕ.
👉 Следува АРАПСКО КАФЕ. Она што го пробав за мене беше чај, а за нив кафе. Се служи во малечки филџанчиња без тацне. ,,Слугинката/слугата" цело време следи. Ако сакаш уште кафе не треба да му се обраќаш, ниту да го погледнуваш...треба само да го затресеш филџанот и слугата ќе знае дека треба да ти дополни повторно. Обично им дополнуваат повеќе пати. Тоа затресување на филџанот било важен знак затоа што слугите кои ги земале да ги служат во минатото морале да будат глуви...за да не им ги слушаат домашните планови.

Секако сега градовите се многу напред во секој поглед, но независно колку се убави, токму овие традиционални моменти кои зборуваат за минатото ја прават посетата магична.
Ајде да направиме “ЖИВА РАЗГЛЕДНИЦА“ со мотиви од овој прекрaсен град полн со висококатници.
Користи природни материјали за оваа цел (обликувај со гранчиња, изработувај форми од зелени листови, со комбинација на деланки од дрво, комбинирај тревки и камчиња за да направиш палми....) 
ИЛИ
Искористи стари страници на дневен печат за да исечеш згради и да направиш слика со нивна комбинација.
Ајде да го ЗАПОЧНЕМЕ ДЕНОТ СО СПОДЕЛУВАЊЕ НА ЛИЧНА ПРИКАЗНА,  пренесена преку пример на вежбите од Јазична писменост:
Раскажете им своја лична приказна на вашите дечиња или ученици во одделението. Личните приказни на возрасните се омилена тема која ја привлекува детската љубопитност. Ако напишете збирка на ваши лични приказни, независно дали за оваа цел, ќе бидете „богати“ со спомени на кои секогаш ќе се сеќавате со насмевка на лицето. 

- Напишете ја во делови кои потоа ќе ги измешате и ќе им ги понудите скриени во писмо-сложувалка. Нивната задача ќе биде да ја состават вашата приказна од почеток до крај. За да го направат тоа треба навистина да го проучат напишаното со цел да го состават во логичен редослед.

- Прилагодете ја должината на текстот во зависност од возраста на учениците.
Слична активност можеме да изведеме и со составување исечени реченици, со цел да се состави краток текст кој раскажува нешто лично и интересно (доколку се работи со ученици кои имаат потешкотии со читањето)

Личните приказни на возрасните, наше доживување од минатиот ден, раскажување на семејна анегдота, спомен од детството на учителот и слично....Тоа се одлични теми кои можат да бидат интересни за читање од страна на дечињата. На овој начин им овозможуваме омилени вежби за читање со разбирање, а за повозрасните ученици- нови информации, богатење на фонд на зборови, унапредување на „погледот“ кон светот и желбата за запознавање места, традиции, знаменитости, историја и непознати култури.