Дали знаете од каде доаѓало она ,,ДАМИТЕ ИМААТ ПРЕДНОСТ"?
Јас дознав за време на посета на Ефес, познат антички град во Римското царство, кој бил и еден од најголемите градови во Римската Империја.
Додека стигнавме до местото, водичот повеќе пати на жените ни даваше предност при поминување низ уличките и не прашуваше како група дали ни се допаѓа кога некој маж ни даде предност.
Е потоа вака ни раскажа:
Е потоа вака ни раскажа:
Тоалетот бил јавен, изграден од камени блокови со отвори, имавме прилика да го видиме. За да не му студи кога ќе седнел мажот, најпрвин морала да седне жената (без да врши потреба тука...за тоа морала да си оди во тоалетот за жени)и седела така додека го стопли каменот за потоа да седне мажот...ете затоа ДАМИТЕ ПРВИ😁
Барем вака ни раскажа водичот во археолошкиот локалитет и ни порача секогаш штом се поднамуртиме во некоја ситуација кога очекуваме ,,предност", да си се сетиме на ова вистинското значење....😁
Тука била измислена и направена и првата канализација во светот. Поради тоа што се се слевало од горе кон долу по сила на гравитација... богатите живееле на високите места и никако до главната улица. Тоа е како никој да не сака да живее на Широк Сокак 😁
Тука била измислена и направена и првата канализација во светот. Поради тоа што се се слевало од горе кон долу по сила на гравитација... богатите живееле на високите места и никако до главната улица. Тоа е како никој да не сака да живее на Широк Сокак 😁
АЈДЕ ДА ГО ЗАПОЧНЕМЕ ДЕНОТ СО СПОДЕЛУВАЊЕ НА ИНТЕРЕСНА ЛЕГЕНДА, пренесена преку пример на вежбите од Јазична писменост:
Легендите се таинствени сами по себе и имаат моќ да ја привлечат детската љубопитност за истражување.
Ако направиме и наша КНИГА НА ЛЕГЕНДИ, тоа ќе биде проект кој трае и трае, за радост и со интерес на сите вклучени.
- Напишете ја во делови кои потоа ќе ги измешате и ќе им ги понудите скриени во писмо-сложувалка. Нивната задача ќе биде да ја состават вашата приказна од почеток до крај. За да го направат тоа треба навистина да го проучат напишаното со цел да го состават во логичен редослед.
- Прилагодете ја должината на текстот во зависност од возраста на учениците.
Слична активност можеме да изведеме и со составување исечени реченици, со цел да се состави легендата (доколку се работи со ученици кои имаат потешкотии со читањето)
Познавањето на легендите од нашите краеви и од светот е секогаш важно.
Ајде да ги поттикнеме дечињата да истражуваат на оваа тема.
А ДАЛИ БИ МОЖЕЛЕ ДА КРЕИРАМЕ НАШИ НОВИ ЛЕГЕНДИ, ЗА МЕСТА, предмети, лица.... ЗА КОИ ЛЕГЕНДИ И ВООПШТО НЕ ПОСТОЈАТ?
Ние на пример имаме легенда за „раѓањето“ на првата снегулка на земјата. Обидете се и вие да креирате свои легенди, верувам дека ќе ви биде интересно.

